Skip to main content

Заврши снимањето на дипломскиот филм на Мартина Петреска

Заврши снимањето на дипломскиот филм „Пресек” на Мартина Петреска, апсолвентка на Катедрата за театарска и филмска продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на д-р. Игор Вецовски, м-р. Дејан Илиев и д-р. Илија Циривири.

„Пресек” е филм со нејзино сценарио и продукција. Тој зборува за соочувањето со себе и со денешницата, важноста на креативните вентили и себеанализата. Се потпира и на личните искуства на Мартина. Актерската екипа на овој дипломски филм ја сочинуваат: Горан Ников, Емилија Мицевска, Аксел Мехмет, Дени Ајдаревиќ и Мартина Петреска. За него, продуцентката и сценаристка вели дека се соочила со пречки поради тоа што продуцира филм, но и глуми во него. Тие, сепак биле надминати поради професионалниот тим кој се вложил за негова реализација.