Skip to main content

Вечер на Коле Манев во Кинотека

25 АПРИЛ (ПЕТОК) 20:00 ч.

ВЕЧЕР НА КОЛЕ МАНЕВ ВО КИНОТЕКА

In memoriam – Коле Манев (1941-2025)

ТУЛГЕШ

Документарен филм, 1977, 57 мин.

Режија: Коле Манев

Сценарио: Коле Манев

Коле Манев, во 1977 г., по сопствено сценарио, го реализира своето најпознато филмско дело, едночасовниот документарен филм ТУЛГЕШ, именуван според романскиот прифатен дом за сместување на децата-бегалци од Граѓанската војна во Грција. Во овој филм, кој претставува ремек-дело на македонската документаристика, Коле Манев на визуелно супериорен начин ја раскажува трогателната приказна за одисејата на децата кои се принудени да ги напуштат своите домови во Егејска Македонија и да престојуваат во источноевропските земји, како и уште потрогателните средби со родителите по долги години, кога децата се веќе возрасни луѓе. ТУЛГЕШ, истата 1977 г., на тогаш престижниот Фестивал на југословенскиот документарен и краткометражен филм во Белград, е награден со главната награда, „Гран при – голем златен медал за режија“.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

Поврзани вести