Skip to main content

„Утре наутро“ на Јани Бојаџи на 6 декември во „Мис Стон“ во Прилеп

На 6 декември (сабота) во 19 часот во кино „Мис Стон“ ќе биде прикажан филмот „Утре наутро“. Влезниците за проекцијата се во продажба на билетарницата од киното денес /четврток/ и утре/ петок/ од 10 до 13.00 часот и од 17 до 19.00 часот и в сабота еден час пред проекцијата.

„Утре наутро“е македонски долгометражен филм од 2025 година, по сценарио и режија на Јани Бојаџи. Филмот претставува моќна и емотивна приказна за човечките избори, последиците и внатрешните судири меѓу личната вистина и притисокот на општеството. Проектот е реализиран истовремено и како филм и како мини-серија од 5–6 епизоди. Во центарот на приказната се две жени – млад лекар и сопруга на поранешен премиер – кои се обидуваат да избегаат од стегите на американската влада и европските дипломати. Во атмосфера на политичка игра, притисоци и моќ, тие се борат за опстанок во мала земја во источна Европа.

Улоги: Нина Деан, Ирена Илиевска, Кети Дончевска-Илиќ, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев и др.

Поврзани вести