Skip to main content

Специјална проекција под отворено небо на „Бал-кан-кан“, најгледаната црна комедија

Фејсбук профил на Синаплекс.мк

В среда, на 20 август, на Руфтоп опен ер синема, во Скопје сити мол во 20,30 часот се одржи специјална проекција под отворено небо, по повод 20 години од најгледната црна комедија „Бал-кан-кан“ во режија на Дарко Митревски.

По проекцијата следува кратка сесија разговори со дел од филмската екипа на „Бал-кан-кан“.

„Бал-кан-кан“ е македонски филм во италијанска копродукција, кој го следи животот на македонски бегалец кој патува низ Балканот за да ја пронајде својата свекрва која е завиткана во тепих. Дарко Митревски е режисер и сценарист на филмот, а Владо Јовановски, Адолфо Марџота, Ѕвездана Ангеловска и Тони Михајловски ги играат главните улоги.

Добитник е на Специјалната награда од филмските критичари на Русија на 27. Московски Меѓународен филмски фестивал одржан во 2005 година.

Филмот е гледан од повеќе од 500.000 луѓе во Македонија уште во годината на својата премиера и на тој начин се смета за најгледаниот во македонската историја. Истовремено, тој е филмот со најголема заработка на нејзината територија.

Поврзани вести