
Работилницата на Јадранската мрежа „Браќа Манаки – Следна генерација“, која се одржува во рамки на фестивалот, е континуитет на Наследниците на браќа Манаки, која до минатата година беше наменета за ученици во средно образование. Од оваа година, под менторство на Марија Џиџева и Фејми Даут, како дел од јадранската мрежа, приказната се надоградува со студенти од три земји – Црна Гора, Македонија и Албанија.
Младите се запознаваат со делата на браќата Манаки. Се работи на раскажување на приказни низ фокусот на новите генерации, како дел од јадранската мрежа. Во фокусот годинава ни е светлосното загадување, поаѓајќи од тоа дека светлината го прави филмот и филмската слика, а новите генерации ги учиме како светлосното загадување влијае во креирањето на приказните. Флуоресцентната светлина, светлината од телевизорите, фрижидерите, билбордите, мобилните телефони, компјутерите – со сето тоа сме постојано опкружени и тоа е наша нова реалност, а сето тоа ја загадува природата, но е и наше лично загадување. Има интерес кај нив, тие си имаат свои идеи. Младите треба да одберат карактер, ситуација од тоа време и да го стават во новото време, во видео приказна. Се надевам дека од младите ќе произлезат интересни идеи, пораки и визуелни приказни“, вели менторката Џиџева.
Нејзиниот колега Даут вели дека на работилницата младите ентузијасти презентирале интересни идеи.
Имавме интересна прилика да видиме како младите ги изложуваат нивните идеи на нашата тема за светлосно загадување, кои се интересни не само за нас, туку и за гледачите. Имаме 6 автори кои имаат слична тема, а идеите треба да ги спојат во две кратки видеа. Ние како ментори сме овде за да ги насочиме како да го реализираат нивното изразување. Многу се креативни, а приказните што ги презентираа е синергија меѓу историјата и сегашноста. Сега работиме на развој на сценариото, имаме две групи од по тројца членови, кои ќе спојат се` во едно видео“, вели Даут.
Видео продуктите на двата тимови составени од студенти, е предвидено да бидат готови деновиве.