
Францускиот институт во Скопје го организира првото издание на месечните „Кино средби” во Кинотека, каде што ќе се прикажуваат современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија.
Овие кино средби започнуваат со проекцијата на „Романот за Џим“ (2024), од Арно Ларје и Жан-Мари Ларје, со Карим Леклу, Летиција Дош и Сара Жиродо, в четврток, 19 февруари 2026, 20:00 часот, Кинотека
Премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Кан 2024, филмот беше номиниран за наградите Lumières de la presse étrangère за најдобар филм и најдобар актер, а Карим Леклу доби Цезар за најдобар актер 2025.
Синопсис:
Ајмерик случајно ја среќава Флоранс, поранешна колешка од работа, на една забава во Сен-Клод во Горна Жура. Таа е во шестиот месец од бременоста и е сама. Кога се раѓа Џим, Ајмерик е постојано до неа. Тие заедно поминуваат години, сè додека еден ден не се појави Кристоф, биолошкиот татко на Џим… Тоа може да биде вистински почеток на една мелодрама, но, всушност, е почеток на една одисеја за татковството.
Што напишаа медиумите:
„Браќата Ларје создаваат нова филмска слика без било какво било украсување, фокусирана на обичните луѓе во секојдневието.” – Ле Монд
„Широка и длабока мелодрама за татковството, во која сите ликови реално постојат.” – Ле Паризјен
Филмот е со превод на македонски јазик.

Македонски



