Skip to main content

Промоција на монографијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ во Кинотека

Кинотека

Вечерва, на 27 февруари, во 19 часот во Кинотека ќе се одржи промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“. Промотори на изданието: д-р Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, со присуство на авторите на изданието.

Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика, велат од Кинотека.

Настанот ќе биде збогатен со пригодна изложба на избор од македонските филмски плакати.

Поврзани вести