
Во четврток, на 20 февруари 2025 година, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажана српскиот игран филм „Стапица“.
Младен и Марија се обичен пар од Белград. Живеат како станари, го имаат десетгодишниот син Немања, вработени се и живеат од скромните плати. Но, целиот нивен живот се менува кога Немања поради срцев удар ќе заврши во болница. Лекарите утврдуваат дека му е потребна операција, која се прави во Германија, а здравственото осигурување не ги покрива трошоците. На Марија и Младен им требаат 26.000 евра за да го спасат синот. Бидејќи немаат од кого да позајмат, а банката нема да одобри заем, Марија објавува оглас во весникот. Наскоро, непознат маж се јавува на огласот и му дава понуда на Младен: ќе добие пари ако убие бизнисмен од криминалното милје.
Дејствието се одвива во Србија по падот на Милошевиќ, за време на приватизацијата на државните компании и процутот на криминалот. Основата на заплетот е морална дилема: убијте и помогнете му на детето или предадете се на судбината.
Филмот својата светска премиера ја имаше на Берлинскиот филмски фестивал во 2007-ма и беше во пошироката селекција за оскарот за најдобар странски филм.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
„СТАПИЦА“
(„Клопка“)
Игран филм, Србија
2007, 106 мин., колор, ДЦП
Режисер: Срѓан Голубовиќ (Srdan Golubović);
Сценарио: Мелина Пота Кољевиќ, Срѓан Кољевиќ (Melina Pota Koljević, Srđan Koljević)
Улоги: Небојша Глоговац, Наташа Нинковиќ, Мики Манојловиќ, Аница Добра, Богдан Диклиќ, Вук Костиќ, Војин Ќетковиќ (Nebojša Glogovac, Nataša Ninković, Miki Manojlović, Anica Dobra, Bogdan Diklić, Vuk Kostić, Vojin Ćetković);