Skip to main content

„Приказната за Силјан“ вечер во Крива Паланка

Најновото успешно остварување на македонската филмска документаристика, „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска, вечер со почеток во 19 часот ќе биде прикажано пред кривопаланечката публика.

Проекцијата на филмот ќе се реализира во кино-салата на Национална установа Центар за култура – Крива Паланка, а организаторот  ги повика љубителите на филмот да не ја пропуштат можноста да ја проследат приказната пренесена на големото платно со силен визуелен приказ која ја носи пораката за издржливоста, грижата и малите дела што менуваат животи.

– Ова е одлична прилика за кино-вечер во зимскиот амбиент во градот со топлата  за Силјан, филмот што со својот извонреден квалитет и силна порака беше откупен од National Geographiс и ѝ донесе на режисерката голем број меѓународни награди и номинации на филмски фестивали, рече Сашко Додевски, директор на НУ Центар за култура, Крива Паланка.

Пред и по проекцијата на филмот во фоајето на НУЦК ќе се одржи мал базар во организација на еко-активистката Марија Дибиаџио, на кој присутните ќе можат да го запознаат штркот Јорго од центарот „Ретрит“ , како и да си купат  сувенири со мотиви од филмот, со што ќе можат да дадат  директна поддршка за изградба на посебен рехаб-центар за штркови.

На 28 јануари, „Приказната за Силјан“ во соработка со македонскиот КИЦ во Загреб, ќе биде премиерно прикажан во Хрватска.

Поврзани вести