Skip to main content

Полна сала во Шангај на светската премиера на дебитантскиот долгометражен документарен филм „Руини“ на Елена Чемерска

На 14 јуни 2026 година, во рамките на 28. Шангајски интернационален филмски фестивал, во Филм Арт Центар во Шангај премиерно беше прикажан филмот „Руини“. Проекцијата се одржа пред преполна сала и беше проследена со разговор со публиката, која со голем интерес ги сподели своите впечатоци за филмот.

По проекцијата следеше средба со бројните посетители, кои ги поздравија авторите со долги аплаузи и интерес за фотографирање и автограми.

Филмот е во режија на Елена Чемерска, а продуценти се Иван Унковски, Ивана Шекуткоска и Елена Чемерска. Копродуценти се Оливер Сертиќ и Ивана Нацева, а извршен продуцент е Атанас Георгиев.

Кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров и Марина Колоска, монтажата на Владимир Гојун и Горјан Атанасов. Композитор е Игор Василев Новоградска, дизајнер на звук на Лука Гамулин.

Филмот е реализиран со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC), РТВ Словенија и во рамки на проектот „Култура за развој” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Хартефакт Фонд.

„Руини” е копродукција помеѓу Синема Футура и Минимал колектив од Македонија, Рестарт од Хрватска и Потем од Словенија, во соработка со Filmtrick.

Поврзани вести