Skip to main content

„Планета 7693“ семејна авантура со sci-fi елементи во кината

“Планета 7693“, во продукција на „Скопје Филм студио“ од 27 март може да се погледне во Синеплекс. Станува збор за семејна авантура со sci-fi елементи, го следи деветгодишниот Лука кој живее со родителите и поголемата сестра во живописно соседство во предградието.

“Планета 7693“, семејна авантура со sci-fi елементи, го следи деветгодишниот Лука кој живее со родителите и поголемата сестра во живописно соседство во предградието. По еден настан во неговото навидум хармонично семејство, недоразбирањата насобрани низ годините излегуваат на површина и предизвикуваат низа конфликти. Ткивото на семејството се кине. Лука бара начин како да ги поправи нарушените односи, повлекувајќи се во светот на „супер моќите“ и фантазијата каде го запознава мистериозното девојче по име „7693“.

ПЛАНЕТА 7693

(Planeta 7693)

Игран филм, Црна Гора, Србија, Македонија

2024, 110 мин., колор, ДЦП

Режисер: Гојко Беркуљан (Gojko Berkuljan)

Сценарио: Ана Вујадиновиќ (Ana Vujadinović)

Улоги: Илија Пејаковиќ, Андрија Кузмановиќ, Кристина Обрадовиќ, Мара Ракчевиќ, Хана Иванишевиќ, Дејан Ѓоновиќ (Ilija Pejaković, Andrija Kuzmanović, Kristina Obradović, Mara Rakčević, Hana Ivanišević, Dejan Đonović)

Лука (9) живее со родителите и поголемата сестра во живописно соседство во предградието. По еден настан во неговото навидум хармонично семејство, недоразбирањата насобрани низ годините излегуваат на површина и предизвикуваат низа конфликти. Ткивото на семејството се кине. Лука бара начин како да ги поправи нарушените односи, повлекувајќи се во светот на „супер моќите“ и фантазијата, каде го запознава мистериозното девојче по име „7693“.



Поврзани вести