Skip to main content

Македонска премиера на хрватско-српската копродукција „Свадба“ на 5 февруари

Хрватско-српската копродукција „Свадба“ во режија на Игор Шереги, која деновиве бележи исклучителен интерес кај хрватската и кај српската публика, на 5 февруари, во киното „Синеплекс“ во Скопје, ќе ја има својата македонска премиера.

Филмот ја следи приказната за две семејства, едното хрватско другото српско, чиј однос постојано „танцува“ помеѓу топла семејна приказна и меѓународен инцидент. Во него, познат хрватски бизнисмен дознава на својот роденден дека е пред банкрот. Во канцеларијата му влегува семејството со торта и со тамбураши, додека во исто време му се јавува ќерката што студира во Лондон и му соопштува дека е бремена. А татко на детето е синот на српскиот министер за надворешни работи! Во стилот на полнокрвна балканска комедија, филмот ги испреплетува хуморот, топлината и неизвесноста.

Во него игра мешано хрватско-српска екипа. Во главната улога настапува познатиот српски актер Драган Бјелогрлиќ, кој го толкува ликот на Вук Димитријевиќ, како и реномираниот хрватскиот глумец Рене Биторајац, кој, пак, го игра ликот на Миљенко Лончариќ. Во другите улоги настапуваат: Весна Тривалиќ, Марко Грабеж, Линда Бегоња, Анѓелка Стевиќ-Жугиќ, Роко Сикавица, Ника Грбеља, како и Јелисавета Сека Саблиќ.

Поврзани вести