Skip to main content

Кинотека: Поради големиот интерес, денес ќе се одржи уште една проекција на филмот „Приказна за Сиљан“

Поради големиот интерес, денес (07.02.2025) ќе се одржи уште една проекција на филмот „Приказна за Сиљан“ во 21:30 часот. Билетите може да ги набавите директно на благајната на Кинотеката.

Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Никола, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

Оригинален јазик

Александар Цонев, Александра Цонева, Никола Цонев

РежисерТамара Котевска

Година2025

ЗемјаМакедонија

Времетраење80 мин

Возрасна категорија16+

ЈазикМакедонски

ФорматDCP

Поврзани вести