Skip to main content
6COmYeLsz4c

Филмот „Злобница“ денеска во Кино Манаки во Битола

На само ден пред викендот кога веруваме ќе сакате да ги наполните вашите батерии ви нудиме инзворедна можност тоа да го направите со еден фантастичен анимиран филмски мјузикл кој премиерно го најавуваме овој петок и сабота во Кино Манаки на Широк сокак, велат од Кино Манаки.

Ви го претставуваме , детскиот анимиран филм „Злобница“

Петок 31.01

Сабота 01.02

Почеток 19.00 ч.

Филмот е синхронизиран македонски јазик.

Влезници по цена од 200 денари може да набавите на 1 час пред почетокот на проекцијата.

Во режија на признатиот филмаџија Jon M.Chu (Crazy Rich Asians, In the Hights), Wicked е првото поглавје од дводелната извонредна, културна прослава.

Во Злобница, нераскажаната приказна за вештерките од Оз, игра добитничката на наградите Еми, Греми и Тони, Cynthia Erivo, ( Harriet во броодвејската претстава The Color Purple), како Elphaba, млада жена, несфатена поради нејзината необична зелена кожа, која допрва треба да ја открие својата вистинска моќ, и добитничката на Греми, мулти-платинеста уметничка и глобална супер ѕвезда Аријана Гранде како Глинда, популарна млада жена, привилегирана и амбициозна, која допрва треба да го открие своето вистинско срце. По две децении како еден од најсаканите и најтрајни мјузикли на сцената, оваа сезона Wicked го прави долгоочекуваното патување на големиот екран како спектакуларен кинематографски настан кој ја дефинира генерацијата.

Поврзани вести