Skip to main content

Филмот станува дел од образованието

Агенцијата за филм на РСМ и Бирото за развој на образованието потпишаа Меморандум за соработка со кој започнува партнерство насочено кон унапредување на наставата преку филмската уметност.

Преку оваа соработка, филмот ќе се користи како едукативна алатка што ќе поттикне креативно и критичко размислување кај учениците, а наставниците ќе добијат нови ресурси и поддршка за работа.

Чекор поблиску до современо и инспиративно образование.

Соработката има за цел:

  • развој на филмската, медиумската и визуелната писменост кај учениците
  • интеграција на филмот како наставно и едукативно средство
  • поттикнување на креативно, критичко и аналитичко размислување
  • унапредување на компетенциите на наставниот кадар
  • промоција на македонската и европската кинематографија

Во рамки на партнерството се предвидени:

  • изработка на наставни и едукативни материјали
  • организација на филмски проекции проследени со дискусии и анализи
  • развој на едукативни филмски програми за ученици
  • реализација на обуки, работилници и семинари за наставници и ученици
  • поддршка на училишни филмски клубови и ученички аудиовизуелни проекти
  • иницирање на заеднички национални и меѓународни активности

Овој Меморандум претставува значаен чекор кон модернизација на образовниот процес и приближување на филмската уметност до младите, како и кон зајакнување на улогата на филмот како едукативна алатка.

Поврзани вести