Skip to main content

Долгометражниот игран филм за деца „Бумбаровото лето“ каде малцински копродуцент е „Круг Филм“ од Скопје имаше светска премиера синоќа во преполната Арена во Пула, Хрватска

Со големо задоволство ве информираме дека долгометражниот игран филм за деца „Бумбаровото лето“ ја имаше својата светска премиера синоќа во преполната Арена во Пула, Хрватска, како дел од 72. издание на Пулскиот филмски фестивал.

Филмот е во режија на Даниел Кушан, а продукцијата ја потпишува Интерфилм од Загреб. Од македонска страна, како малцински копродуцент се јавува Круг Филм од Скопје, со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Во продукцијата учествуваше и македонска авторска екипа, составена од:

Алисија Ферро – скриптерка,

Симона Ристевска – авторка на маска,

Ѓорѓи Стојчески – асистент на маска,

и Дејан Крајчевски – продуцент.

Филмот „Бумбаровото лето“ претставува значаен пример за успешна регионална соработка и вложување во квалитетна детска кинематографија.

Поврзани вести