
Американскиот актер Дензел Вашингтон доби ненајавена почесна Златна палма на Канскиот филмски фестивал во понеделник вечерта, како признание за неговата извонредна кариера, соопштија организаторите.
Дензел Вашингтон (70) е во градот на југот на Франција на премиерата на најновиот филм на американскиот режисер Спајк Ли, „Од највисоко до најниско“, адаптација на „Високо и ниско“ на легендарниот јапонски режисер Акира Куросава, што исто така беше прикажан во понеделникот.
Ненајавеното признание следеше по проекцијата на ретроспективата на брилијантната кариера на Дензел Вашингтон во фестивалската палата.
Веста ја соопшти директорот на фестивалот, Тиери Фремо.
Ова е навистина посебен ден. Дензел, бидејќи си тука, сакавме да направиме нешто посебно за тебе… тоа е наш начин да ти го покажеме нашето восхитување за сè што направи за филмот. Никој не знаеше за ова освен Спајк Ли, кој ми пиша да го направам тоа“, изјави Фремо.
Ли му ја врачи почесната палма на Вашингтон.
Канскиот филмски фестивал трае до 24 мај.
Denzel Washington receives a surprise Palme d’Or from Spike Lee at the world premiere of their film “Highest 2 Lowest”. ✨ #CannesFilmFestival
— Spur Play (@spurplay) May 19, 2025
🎥 @Variety pic.twitter.com/bmhX0q9TCp