
15 – 20 септември 2025 година во Кинотека на Република Македонија ќе се одржи манифестацијата „ДЕНОВИ НА ХРВАТСКИ ФИЛМ“.
Проекциите почнуваат во 20 часот во Кинотеката на Република Македонија, а манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.
Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешните дела на хрватско кино.

Церемонијата на отворањето ќе започне со филмот „Ustav Republike Hrvatske“ (2016) во режија на Рајко Грлиќ, а во текот на неделата ќе бидат прикажани долгометражни филмови, кратки играни филмови, документарни филмови и класици на хрватското кино, а програмата ќе заврши со најновата крими драма „Svemu dođe kraj“ (2024).
Сите филмови ќе се прикажуваат на оригинален јазик со титлови на македонски и на англиски јазик.