
На 28 јануари, по повод завршувањето на регионалниот проект за поддршка на копродукции, амбасадорот на Франција организираше средба со францускиот продуцент Паскал Жиделевиц, со македонски филмски работници – меѓу кои режисерките Тамара Котевска, Дина Дума и Марија Апчевска – како и со Игор Иванов-Изи, претседател на Друштвото на филмските работници, и Вероника Бучковска, раководителка за меѓународна соработка во Агенцијата за филм на Македонија.
За време на исклучително плодните разговори беа отворени прашањата за предизвиците и перспективите на идната соработка меѓу Франција и Македонија во областа на кинематографијата. Г. Паскал Жиделевиц одржа работилница за копродукција со носителите на локални проекти, како и работилница за пишување сценарио наменета за студентите на Факултетот за драмски уметности. Неговиот престој се реализира во рамките на регионалниот проект „FEF Cinéma“, чија цел е промоција на договорите за копродукција меѓу Франција и земјите од регионот.

Македонски



