Skip to main content

Агенција за филм: Кирил Поп Христов – Кили создаде ликови кои ќе останат запаметени од публиката и ќе бидат дел од културната меморија на македонскиот филм

Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на актерот Кирил Поп Христов – Кили, уметник кој остави значаен траг во македонската филмска и театарска уметност, објави на својот фејсбук профил Агенцијата за филм.

Со својата посветеност, талент и автентична актерска енергија, тој создаде ликови кои ќе останат запаметени од публиката и ќе бидат дел од културната меморија на македонскиот филм.

Во негова чест, споделуваме краток видео осврт од филмовите во кои тој остави свој препознатлив актерски печат.

Агенцијата за филм изразува искрено сочувство до неговото семејство, колегите и сите кои имаа чест да работат со него.

Неговото дело ќе продолжи да живее преку филмовите и улогите што ги создаде.

Вечна му слава.

Поврзани вести