
Сузана Спасовска и Благоја Грујовски ќе настапат во ревијалниот дел на Фолк вечерта на фестивалот Охрид- фест, Охридски трубадури која ќе се одржи на 29 август на сцената на „Долни сарај“ во Охрид.

Ќе ги слушнеме по подолго време со нова песна и песна што била изведена на овој фестивал“, вели Љупчо Соколовски, уметничкиот директорот на Фолк вечерта кој ветува висококвалитетна музика на 32 издание на фестивалот. „Благоја Грујовски ќе настапи со песната ‘Ноќва Охрид не спие’, која беше победничка на минатогодишниот фестивал , а Сузана Спасовска ќе настапи со песната ‘Невеста охридска’ , која за првпат ќе слушнеме на сцената на Долни Сарај“, вели Соколовски.
Интернационалната вечер ќе се одржи на 30 август, и како што е веќе најавено, специјални гости ќе бидат Оливер Мандиќ и Сашо Гигов- Гиш кои ќе бидат наградени за безвременски хитови. Како гостин доаѓа и менаџерот Рака Мариќ кој ќе добие награда за особен менаџерски придонес во популарната музика.