
Со вечерашниот настап на групата „Некст тајм“ започнува манифестацијата Велешко лето. Концертот е од 21 часот во амфитеатарот во Младински парк.
Организаторот Општина Велес најавува програма со разновидни содржини и настани од областа на музиката, литературата, ликовната, филмската и други уметности.
Настаните ќе се одржуваат на различни локации низ градот за да бидат достапни за сите граѓани на Велес. Велешко лето треба да трае до крајот на август.

Македонски



