Skip to main content
oKVVMJfSglM

Симона Поповска со нова песна – „Ловец и плен“

Под огнено небо, со тело како божица, потемнета кожа и секси бикини… Симона Поповска го сними спотот за новата летна песна со наслов „Ловец и плен“. Со „Ловец и плен“ Симона Поповска прави чекор напред, не само на музички план, туку и емотивно, зашто композицијата го отвора внатрешниот монолог на една жена која повторно се наоѓа во циклусот на разочарување, но овојпат гледа со отворени очи.

Зад песната, инаку во афро-хаус стил, како автор се потпишува познатиот диџеј и продуцент Ерик Фокс, чии се музиката, аранжманот, миксот и мастерингот.

Текстот, пак, напишан од Робин Зимбаков, е полн со реални, директни реченици кои ги живееме сите. Нема глумење, нема романтични клишеа, ова е женски глас што вели: Не барам многу, само сакај ме.

Текстот зборува за тоа кога си уморен од игри, од лажни фасади, од луѓе што те проценуваат, а не те познаваат. Понекогаш си лавица, понекогаш плен. Но на крај сакаш само едно – да си сакан“, вели Симона.

Видеото за „Ловец и плен“ е работено под режисерската палка на Крсте Шупев, а кадрите се снимени на магичното зајдисонце во Сани Бич, Грција, и го следат истиот наратив – жена сама на плажа, со сопствените мисли, движења и сенки. Поглед кон хоризонтот, но и поглед внатре во себе.

Поврзани вести