Skip to main content

Перо Камиказа до Митко Јанчев: „Ѕвездите од соседството“ на Тиквешки гроздобер доааѓаат само за гола тезга и ништо друго

Откако во јабноста веќе некое време трае кавгата меѓу градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и пејачот Спасен Силјановски, околу музичката програма за манифестацијата Тиквешки гроздобер.

Кавгата се разгоре откако Силјановски јавно го прозва Јанчев, јавно изразувајќи го своето незадоволство што на една ваква манифестација нема одвоено место за локални изведувачи, а наместо тоа предност им се дава на балкански музичари.

На тоа одговори Јанчев кој порача дека Тиквешки грзодбер во Кавадарци во иминативе години прераснал во настан кој станува популарен ширум Балканот и кој е посетен од десетици илјади гости, додавајќи дека не станува збор само за локална забава со изведувачи кои можат да се слушаат речиси во секој локал, во градовите во земјава, туку за манифестација на која доаѓаат изведувачи кои се ѕвезди во вистински смисол на зборот.

Во таквата јавна кавга се вклучија и други ликови од македонската музичка сцена, како што е Петар Георгиевски – Камиказа. Тој во објава на социјалните мрежи се обрати до Јанчев порачувајќи му дека во Македонија има изведувачи и музичари коишто имаат многу повеќе публика во земјава и многу повеќе заслужуваа простор во однос на балканските пејачи како што се поканети на Тиквешки гроздобер.

Мој, мој па преку мој🤔 господине Јанчев!

Јас и овој ликот изгледа живееме во две различни држави! Да му кажам дека Меморија продаде преку 6000 влезници во арената Борис Трајковски. Значи исто, ако не и повеќе, од сите звезди од соседтството!!! Ни еден концерт на тие звезди, не беше ни сличен по техничка опременост и креативна обработка на оние кој ги плаќате со десетици иљади евра . Нивните концерти се само гола тезга и ништо друго!!!

Тука не ги мешам вкусовите и публиката, но ако кај нас имаше на десетици автобуси од цела Македонија, треба да ти кажам дека имаше и преку 500 тини нашинци кој специално со цели семејства допатуваа од разни држави од светот за да го гледаат и присуствуваат на овој спектакл. Тоа што ти си зафатен со правење лимонада и не знаеш што се случува во државата е твој проблем!!!! Значи ако платиле близу 6000 луѓе влезници, што мислиш, колку ќе дојдеа за без пари да не гледаат,а?! Но ние имавме во април сериозен проблем со здравјето на еден од членовите и ги откажавме сите настапи до август!!! Во септември ќе имаме два или три настапи, а за другото потоа!!!

Прави лимунада, терај бизнис со соседите кој со сигурност не плаќаат данок во Македонија, и згора на тоа поединци блиски до вас продолжете да се товаарате со парите од даноците на граѓаните. Инаку Меморија за својот концерт плати скоро 1. 000. 000 ддв од приходот од картите, пари што вие ќе им ги дадете на соседите!!!! Затоа полна поддршка за напишаното од колегите Спасе Сиљановски и Лабе Алабаковски!!! Прави лимунада и не, ај ќе бидам пристоен….кини зелени!!!! Има и Македонија коњи за трка✊.Македонија вечна!!!🥰. И да, ќе заборавев, ова не е пишано за да “помислиш“ на нас. Додека си ти градоначалник на Кавадарци, Меморија никогаш нема да свири во Кавадарци.

Еве што пишал завалијата!!! Или што ме испровоцира да го пишам овој текст!!

По навредите за изборот на музичките гости кои годинава ќе настапат на манифестацијата Тиквешки гроздобер во Кавадарци, а кои се докажани балкански имиња кои насекаде полнат плоштади, јавно го повикувам пејачот Спасен Силјаноски уште утре да дојде во просториите на Општина Кавадарци. Да даде одговор на неколку прашања пред мене, бидејќи јавно ме прозва, но и пред јавноста, за Викимедиа вели кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Додава дека Тиквешки грзодбер во Кавадарци во иминативе години прерасна во настан кој станува популарен ширум Балканот и кој е посетен од десетици илјади гости, и не станува збор само за локална забава со изведувачи кои можат да се слушаат речиси во секој локал, во градовите во земјава, туку за манифестација на која доаѓаат изведувачи кои се ѕвезди во вистински смисол на зборот.

„Нека повели пејачот кој го стави на исто рамниште гроздоберот со ,,роштиљада” и да каже во кој дел од програмата би се вклопил, а што е уште поважно, колку публика би донел во градот? Од каде би била таа публика, со оглед на тоа што на настанот во годините наназад доаѓаат гости не само од цела Македонија, туку и од соседни земји?

И да му укажам, бидејќи очигледно не е доволно информиран, сите кавадаречки музичари кои ги спомнува, гостуваат не само на овој, туку и на секој гроздобер кој се одржал во минатото и секогаш биле максимално испочитувани од општината, бидејќи ние во Кавадарци знаеме како да го цениме и поддржиме своето.

Не само локалните музичари, туку секоја година доаѓат и пејачи од други градови од Македонија. Тиквешки гроздобер не е само една голема сцена, има настапи и на помала сцена и секој настапува таму каде знае дека може да исполни капацитет.

Кога сме кај големата сцена на која годинава ќе настапи српската еворвизиска победничка Марија Шерифовиќ, и за време на чиј настап се очекуваат најмалку 50.000 посетители, нека одговори пејачот дали тој може да гарантира дека ќе донесе барем една петина од таа бројка. Затоа што гроздоберот не е само настан за забава, туку има огромно значење и од економски аспект, колку поголема ѕвезда доаѓа, толку поголем број на гости имаме, и со тоа се поголеми и економските придобивки на нашите граѓани“, вели градоначалникот Јанчев.

На крај, потсетува дека и во Македонија има големи музички ѕвезди кои гостуваат на манифестации во регионот и таму ги полнат плоштадите.

„Затоа и постои епитетот музичка ѕвезда, и не може секој да го носи. Кога за настап на некој музички гостин дури и се организира превоз од други градови, кога доаѓа река од народ од сите краеви, а на плоштадите нема место да се фрли игла, недостојно е да се потценуваат тие ѕвезди со евтини, наводно патриотски приказни кажани поради чист популизам. Уште еднаш го повикувам пејачот кој се дрзна да ја навредува традиционалната кавадаречка манифестација, да дојде во општината и да ми даде одговор на прашањата кои еве и јавно му ги поставив“, изјави Јанчев.“, наведува Георгиевски.

Поврзани вести