Skip to main content

Карлеуша: За инает на сите пеам бесплатно на плоштадот во Крагуевац

Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша, која вчера испрати брутална порака до одредени „студенти“ кои со денови го блокираат центарот на Белград, вели дека не и е грижа да заработува, туку најважно и е да влезе во 2025 година со нејзините фанови. Таа откри дека за новогодишната ноќ ќе пее бесплатно во Крагуевац и покрај нападите на одредени тамошни музичари и опозициските медиуми.

Сакав да биде изненадување, не сакав уште да зборувам за тоа, но еве, кога веќе ме праша и ми ги расипа сите планови за изненадување – ќе пеам во Крагуевац за Нова година. Засега, од предвидувањата дека ќе станам милионерка нема ништо, но барем во Новата година ќе влезам со моите обожаватели“ – рече Јелена.

Потоа се осврна и на високите хонорари на нејзините колешки:

Сакам многу да заработуваат, но и да плаќаат даноци. Што, хонорар 150.000? Чекај, колку е данокот на тоа, 30, 40 илјади? Каква и да е цифрата, од срце им посакувам највисоки можни суми и сакам сите да заработат многу, само колку повеќе заработуваат толку повеќе даноци ќе плаќаат. Така ќе биде подобро за нашата држава и за нашите деца кои добиваат бесплатно образование, за нашиот народ што добива бесплатно лекување, ќе имаме подобри патишта, економија. Ми се допаѓа луѓето да бидат успешни и да заработат пари, но и да и вратат на државата тоа што им го овозможила“ – изјави Јелена за новианрите.

Поврзани вести