Skip to main content
Z22O_vSO3ZI

„Којотот против системот“ од 3 септември во кината низ целата земја

Многумина се сеќаваат на Којотот“, еден од најомилените цртани јунаци кој на голем број генерации им го одбележа детството, носејќи смеа и забава во домовите со своите упорни, но секогаш неуспешни авантури.

Сигурно го паметиме и препознатливиот „бип, бип“ звук на Брзата птица итрица, неговиот голем ривал кој постојано се обидува да му побегне. Желбата на Којотот конечно да ја стигне никогаш не стивнува, иако секој негов обид завршува со целосен неуспех.

Сепак, тоа не го спречува повторно да се обиде – овојпат со уште погенијален план. На радост на публиката, Којотот повторно се враќа, но овојпат во нова авантура на големото платно.

За оние кои го обожаваа, но и за помладите генерации кои можеби не ја паметат неговата најголема популарност, но добро го познаваат него и Брзата птица итрица преку своите родители или преку видеата од нивната луда потера, пристигнува „Којотот против системот“, во играно-анимиран формат.

Откако производите на Acme корпорацијата, кои ги користел во секоја потера по Птицата Тркачка, повторно ќе му се обијат од глава, Којотот ангажира пропаднат адвокат по име Кевин, во надеж дека конечно ќе најде некој кој ќе му помогне. Пријателството меѓу двајцата, кое со текот на времето станува сè посилно, ќе ги мотивира одлучно да се борат во претстојниот судски спор, бидејќи спротивната страна во судницата ја застапува никој друг туку застрашувачкиот шеф на поранешната адвокатска фирма на Кевин.

Филмот „Којотот против системот“ ќе започне да се прикажува во кината низ целата земја од 3 септември. Публиката ќе има можност на големото платно да ја проследи новата авантура на вечниот гениј со неисцрпни идеи, кој повторно се обидува да ја надмудри судбината – со неизбежниот, препознатлив хумор.

Режисер на филмот е Дејв Грин, а главната улога му е доверена на Вил Форте.

{"error":"usage_exceeded","message":"Usage exceeded","request_id":"01M0CRRJTG3X9Z0GQ1P47S6W21"}