Skip to main content

Втора вечер од прославата за 35 години независна Македонија: На сцената се сменија алтернативен, инди, ска-панк, хип-хоп и трап звук, а во публиката имаше луѓе од различни генерации

Прославата на 35-годишнината од независноста на Македонија продолжи синоќа со програмата под мотото „Најдоброто од Македонија“. На платото пред „Т Арена“ во Скопје се собраа голем број љубители на македонската музика, а на сцената настапија познати домашни изведувачи.

Публиката имаше можност да ги слушне Дина Јашари, „Фанк Шуи“, „Суперхикс“, Слаткаристика и „2 Бона“, кои настапија со песни од различни музички жанрови.

На сцената се сменија алтернативен, инди, ска-панк, хип-хоп и трап звук, а во публиката имаше луѓе од различни генерации.

Поврзани вести