Skip to main content

Јелена Розга на 29 јули под ѕвездите во Античкиот театар во Охрид!

Одбројувањето започна! До големиот концерт на Јелена Розга во Античкиот театар во Охрид остануваат само уште неколку дена, а дека интересот за ова музичко доживување е огромен зборува фактот што бројот на влезници во продажба веќе е ограничен.

Настанот, кој се најавува како концерт на летото, ќе се одржи на 29-ти јули и ќе донесе симфониски спектакл под отворено небо – вечер на емотивни балади, незаборавни хитови и сценска магија во придружба на гудачки оркестар.

„Кога првпат го видов театарот, знаев – еден ден морам тука да настапам, и еве, тој ден доаѓа”, вели Розга и додава дека со нетрпение го чека 29 јули.

Концертот под светлината на ѕвездите и во волшебниот амбиент на Античкиот театар се очекува да биде врвна музичка вечер, каде секој тон ќе ја пренесе страста и емоцијата што Јелена  Розга несебично ја споделува со својата публика. Нејзините настапи се познати по високо ниво на продукција, харизма и блискост со публиката, а ова лето токму Охрид ќе има чест да биде домаќин на ваков спектакл. Зад организацијата на овој уникатен музички настан стои Евентум продукција.

Билетите иако во ограничен број се достапни исклучиво преку мрежата на yournextevent.info и на следните продажни места во Охрид: Кај Аждер, Тамаро (АСНОМ) и Тамаро 5 (бул. Туристичка).

Заокружете го 29 јули, резервирајте го вашето место и станете дел од ноќта за паметење, настанот што не смее да се пропушти – концертот што ќе се памети, ќе се прераскажува и ќе остане запаметен како една од најубавите музички вечери ова лето.

Поврзани вести