
Некои концерти се посетуваат. Некои се паметат. А концертите на Александра Радовиќ се доживуваат. До охридскиот на 30 јули, кога Античкиот театар ќе биде местото каде што музиката, емоциите и публиката ќе пулсираат како едно, остануваат само уште неколку дена.
„Со нетрпение ја очекувам нашата средба во Охрид. Сигурна сум дека ќе создадеме вечер што долго ќе ја паметиме“, им порача Александра Радовиќ на своите фанови преку видеопорака.
Во магичниот амбиент на Античкиот театар ќе одекнат „Чувам те“, „Бивши драги“, „Не хвала“, „Ако никада“ и многу други хитови што со години се дел од животите на нејзината публика.
По незаборавниот концерт во преполната Филхармонија во Скопје, интересот за охридскиот настап не стивнува. До концертот останува сè помалку време, а билетите сè побрзо го наоѓаат својот сопственик.
Концертот ќе се одржи на 30 јули со почеток во 20 часот на Античкиот театар во Охрид. Билетите се во продажба по цена од 900 до 1.500 денари, во зависност од местоположбата, преку мрежата на e-ticket.mk.
Кога една публика со денови го очекува концертот, а една уметница со нетрпение ја очекува средбата со својата публика, тогаш е јасно дека следува вечер за паметење. Затоа не дозволувајте другите да ви раскажуваат, бидете дел од оваа магична вечер под охридското ѕвездено небо.

Македонски



