Skip to main content

Аца Лукас најави хуманитарен концерт во Скопје, приходот ќе биде за семејствата на жртвите во Кочани

Фејсбук профил на Аца Лукас

Српскиот фолк пејач Аца Лукас и неговиот менаџер Саша Митровиќ, најавија дека на 20 декември ќе одржат концерт во арената „Јане Сандански“ во Скопје, а целиот приход, како што велат, ќе го донираат на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани. Дополнително најавија дека ќе ги подмират и сите трошоци кон државата.

Ова ќе биде само првата донација. Ќе продолжиме да помагаме во Кочани. И бидејќи веќе се најавуваме, може да бидете мирни – ќе ги имаме сите можни документи, дури и ‘тоалетна хартија’, за да не помислите дека нешто недостасува“, поентира Лукас, а објави Скопје1.мк.

Лукас и Митровиќ најавија прес-конференција на која, како што тврдат, ќе објаснат дека приведувањето на пејачот во Кавадарци имало „приватна позадина“, а не законска основа.