
Легендарната пејачка на „Кокто твинс“ Елизабет Фрејзер ќе гостува на концертот на „Масив атак“ во Скопје, што ќе се одржи на 28 јуни на Стадионот на АРМ во Градски парк., соопштија организаторите.
Фрејзер соработуваше со „Масив атак“ на нивниот најуспешен албум „Mezzanine“ од 1998 и на европската турнеја на бендот пее неколку песни од овој албум, вклучувајќи ја трип-хоп химната „Teardrop“.
Елизабет Фрејзер е шкотска пејачка која се прослави како вокал на бендот „Кокто твинс“, со кој сними осум албуми од 1982 до 1996 година. Таа исто така беше дел од британскиот музички колектив „Дис мортал коин“.