
Повод: Одржаниот САЕМ – ОТЧЕТ 4 ГОДИНИ РАБОТА ЗА ТЕБЕ на ПЧЕЛИТЕ и несреќните смешни приземни коментари на мувите и тоа без глави.
Еден старозаветен мудар ПРОРОК рекол:
Господ ги создаде пчелите и мувите, за да можат луѓето додека се уште живи да распознаат како изгледа рајот а колку жесток и неподнослив пеколот.
Иако, никаде незапишано, благодарение на мудрите светци, монаси, религиозни достоинственици и учени луѓе, оваа споредба останала да живее и до ден денешен, и дава јасна слика на секој кој е принуден или помалку обременет, од разни сугестии и притисоци да помогне да се одбере правата страна , колебливецот или нерешителниот и учениот недоучен.
Пчелите, претставени симболично овие два дена, персонифицирани во ликовите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, имаа првостепена, уникатна, досега невидена презентација или поточно речено САЕМ – ОТЧЕТ 4 ГОДИНИ РАБОТА ЗА ТЕБЕ што сите кои што бевме таму и оние кои што следеа преку медиумите, нé оставија без здив.
Вербата во себе, во сработеното за своите граѓани, возвратената доверба и благодарност од нив кон гласачите, потврдена со факти и податоци, бројки и видливо неброени реализирани претходно ветени проекти, беше најдобрата потврда дека граѓаните не погрешиле во својот избор.
Уште повеќе што сега во пресрет на новите локални избори мотивирани од екстремно добро завршените задачи што ги ставиле на располагање на своите граѓани, храбро и енергично ветија дека следниот ОТЧЕТ ќе биде уште подобар, поубедлив со неброените остварени ветувања што ќе го подобрат животот во сите сфери на живеење на сите граѓани и во сите општини каде што управуваат.
Така воспоставениот ФЛУИД, нераскинлив, во довербата помеѓу локална самоуправа – граѓанин никогаш до сега не била воспоставена.
Од тука, граѓаните знаат што е добро, што носат ПЧЕЛИТЕ кои се пријатели на СОНЦЕТО, светлината им е патоказ, совршенство на интеграција на најубавите бои, различен опивачки мирис, пријатни раскошни геометриски фигури, постојано работење и создавање на еликсири, нектари, разни видови медови, млеч и сите други есенцијални потреби на луѓето.
Не бадијала луѓето умни и учени тврдат дека ако ги снема пчелите ќе престане да постои светот.
Да, овие мали вредни суштества, титани со својата улога го распрашуваат и размножуваат УБАВОТО И КОРИСНОТО ЗА ЧОВЕШТВОТО, а при тоа не барајќи за себе ништо, освен да се остават на мир да ја тераат работата на која никој не ги принудил.
Но, за жал, не се РААТ. Мувите се тука сé да расипат. Тие се црнилата на овој свет. Живеејќи во јами, црна темнина, без мирис и вкус, освен од пакост ништо не знаат. Сé земаат, ништо не даваат, каде стигнат касаат, крв пијат, носат зарази и инфекции, нивните живеалишта се удобни само тамо каде што царува неподнослива реа и смрдливост и се верни чеда на натемаго, оној со роговите. Пакост е нивното мото на живеење. Ништо не признаваат, неуки се да препознаат, зли се до небо да признаат. Злобата е царот на нивната душа, па дури и своите, себе си и родот го мразат и не препознаваат.
Бројни таканаречени интелектуалци, кандидати за специјалистички институти за лекување, предводени од омраза, гнев и завист се претворија во годзили на злото.
Но, најстрашно е што оваа грда неизлечива инфекција целосно ја нападна и зафати опозицијата и ја претвори во МУВА ПАРТИЈА која што долго, долго ќе престојува, а веројатно и за секогаш ќе остане во своето вечно живеалиште, длабока црна смрдлива јама што сите ја заобиколуваат или за посигурно ќе ја затрупуваат.
Карантинот, што сами себе си го доделија, е најдобрата работа што не сакајќи му ја направија на цивилизираниот свет.
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД својата мудрост многу често ја истакнува и преку содржината, темата и пораките од песните што ги отпеал низ вековите и Тешкото, Деспина, Трба трби. Темниците се дел од таквите пораки и завет за идните генерации.
Има тука и една стара убава македонска песна каде “лошите комшии лоши зборој зборват“.
Господине Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на ВЛАДАТА на Р.МАКЕДОНИЈА Христијан Мицкоски, најотровните стрели се упатуваат кон ВАС. Знаете зошто?
Затоа што вашите силни рамена и рамената на првите соработници се АТЛАСОТ што ја држи МАКЕДОНИЈА горда, исправена, силна, непобедлива и апсолутно неповредлива и навредена од никого.
Отровните стрели од мувите испратени кон Вас Претседателе се најискрените комплименти за сé што правевте, правите и ќе правите за својот народ и својата татковина, повлекувајќи нé сите нас да се натпреваруваме, барем да се доближиме што поблиску до Вас.
На крај, доброто Ваше е на виделина, затоа како во песната, имате порака од бела брада и бела коса како што често кажувате со благодарност:
ТА КУЧИЊАТА ЛАЕЛЕ, ТА КОМШИИТЕ ЗБОРВЕЛЕ, ИСТО МИ Е.