
Воведно, заради најново објавените анкети за политичката поддршка од народот, сакам да се навратам на мојата анализа за “БРИЛИЈАНТНАТА КОНСТАНТА“ на рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партијата во изминативе години.
За подобро да се разбереме, избрав една едноставна , но силна содржина и пораки, реченица на ЏОРЏ ОРВЕЛ што ќе ја парафразирам и ќе се обидам да ја прилагодам на моменталното општествените, политичко безбедносни и социо-економски состојби во МАКЕДОНИЈА
Тој вели:
Од постанокот на светот и животот на земјата постојат три видови луѓе: ВИСОКИ, СРЕДНИ и НИСКИ.
ВИСОКИТЕ работат постојано, се трудат, размислуваат и испорачуваат, за да можат сите да се големи и заедно среќни, да останат големи ВИСОКИ и дародавци на убавини.
СРЕДНИТЕ се мотивирани да станат ВИСОКИ и со својот вложен труд во таа насока се корисни за општеството, заради нивната спремност да се тркаат со најдобрите, со ВИСОКИТЕ.
НИСКИТЕ, тие се гнилеж на секое општество, тиквари кои по цел ден се греат на топлото, светлото МАКЕДОНСКО СОНЦЕ, ама никогаш не созреваат и заради таа нивна трајна духовна осакатеност на мали патулјачиња во политиката се трудат сите да ги изедначат и да ги направат мали, невидливи, немоќни и посрамотени како нив. Во политиката тоа е СУЕТА, во народот ЗАВИСТ.
ВИСОКИОТ, ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ со 25,2% поддршка од избирачите, односно народот.
Сите заедно 9-мина следни на ранг листата останати, плус оние НАЈМАЛИТЕ со рејтинг заеднички, околу тие дваесетина помал од 0,008% сочинуваат 3% помалку од сам лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
За што разговараме ние, за што дебатираат “аналитичарите“, за што вие МАЛИТЕ ЛАЖЕТЕ.
Политичката партија и народната МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВМРО-ДПМНЕ со вкупен рејтинг 24% наспроти сите други заедно што едвам надминуваат 20% претворено во статистички количини со додадените изјаснувања на неопределените, што по законот на гравитација се распоредуваат со исти пропорции и димензии како кај оние што се изјасниле, епилогот е јасен како сончева светлина.
Апсолутна поддршка од народот со 64-65 пратеници, а заедно со коалиционите партнери апсолутно двотретинско мнозинство.
Сега мислам на сите ви е совршено јасно: ЛИДЕРОТ на ВМРО-ДПМНЕ е најпрестижната титула во светот и центар на гравитациската обединувачка, продуктивна и сесодржателна политичка понуда силно и совршено интегрирани со интересите на својот народ.
Дополнително сите луѓе на ЛИДЕРОТ за овие неколку години пораснаа политички за десетина сантиметри и од ВИСОКИ и тие благодарејќи на амбиентот во кои работат и живеат во една духовно творечка и релаксирана лична психоментална многу здрава, со леснотија ги испорачуваат најдобрите од себе народот, како признати, докажани, врвни интелектуалци и патриоти порамнати со ЛИДЕРОТ, за среќа на СИТЕ нас.
НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ!
Немој да веруваш на зборови на ИЗМАМНИЦИ и на празни соништа, за заблуда и исфрлање од рамнотежа на твојата вековно докажана стабилност, истрајност, возвишеност и припадност што скоро и да не постои во светската историја, или кај друг народ.
Опстојуваш НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ благодарејќи само на тоа што секогаш се потпираш само на СЕБЕ и на никој друг од страна. Со векови тоа успешно го правиш, цврсто убеден во своите зачудувачки вредности обдареност и отпор, истовремено мудро и постојано ги препознаваш Данајците што ти носат дарови отровни за да те снема.
Издржувајќи на тој пат секогаш победуваш, и оние уште малку и малецки, дома и надвор, наскоро ќе ги докусуриш или сам ТИ ќе ги принудиш да се откажат.
Вие малкумина лесноверни, ви се обраќам и ВАМ.
Според онаа библиската:
Ако некој првпат те излажа, крив е тој.
Ако истиот те излажа вторпат, крив си ТИ.
Ако некој те излажа третпат, тогаш нема ни излажан ниту лажач. Тогаш снемува сé. Сé се распаѓа и човечноста и општеството, семејствата, пријателствата, дружбата, комшилукот, гласноста ќе се замени со тишина што ќе ја нарушуваат само завивање на гладни в`лци кои последни ќе изумрат, ама ќе изумрат.
Затоа, послушајте го гласот на својот народ, препознајте ја политичката платформа на вашиот вечен бедем и заштитник ВМРО-ДПМНЕ и соберете се околу НЕГО и понатака ве замолувам и истовремено ве убедувам дека најдоброто што можете да го направите во својот живот, да ги достигнете врвовите на вашите лични дострели, да продолжиме по патот на КОНЕЧНО ИЗБАВУВАЊЕ што ни го осветлува и трасира народното ВМРО-ДПМНЕ предводено од најдобриот ЛИДЕР ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.
Целта е на дофат. Влегуваме во фотофиниш на нашата вековна трка да ги победиме само замислените најдобри на светот.
НИЕ СМЕ СВЕТСКИ ПРВАЦИ.
Заслужено, никогаш не сме се откажале, одиме од искон само погоре и погоре до ВРВОТ.

Македонски



