
Воведувањето на младите во финансискиот свет преку обезбедување на специјално дизајнирани банкарски пакети не е само начин на управување со парите туку и ги подготвува младите да ја трасираат својата финансиска независност и иднина.
Со цел да поттикне финансиска независност кај младите и можност за безбедно и едноставно плаќање УНИБанка АД Скопје воведува уникатен пакет наречен UniQ. Пакетот е за млади од 15 до 25 години и нуди многу поволности.
Младите со аплицирањето за пакетот добиваат бесплатна Mastercard® дебитна картичка за млади, бесплатно одржување на сметка, бесплатно УНИ СМС известување, дозволено пречекорување во износ од 15.000 денари без административен трошок одобрено без жиранти – само со индекс, како и бесплатна три месечна претплата на Netflix за нови клиенти.
А дополнително се добиваат и попусти и специјални промоции кај избрани трговци.
Овој пакет нуди многу поволности, прилагодени на потребите на младите, со што УНИБанка АД Скопје уште еднаш покажа дека е Банка за младите, доверлива финансиска институција која ги разбира нивните потреби и им дава поддршка во процесот на созревање, растење и нивно обликување во одговорни, мотивирани и независни возрасни личности.
Средношколците, студентите и вработените на возраст од 15-25 години, преку UniQ пакетот добиваат значајна поддршка во период кога се полни со идеи, очекувања и кога мали успеси ги носат поблиску до големите соништа, период кога е важно да се стекне самодоверба, да може да се одговори на сите предизвици.
За UniQ пакетот може да аплицира секое лице на возраст од 15-25 години, со тоа што за лицата под 18 години пакетот не вклучува дозволено пречекорување и Netflix претплата. Бесплатната претплата за Netflix важи и доколку веќе сте корисник на Netflix. Со навршување на 25 години возраст, престанува користењето на пакетот.
За повеќе информации и други новитети следи не на социјалните мрежи:
Facebook Instagram TikTok
Искористи ја поволноста! Биди и ти UniQ…
Поддршката започнува во УНИБанка!
Комерцијална објава