Skip to main content

Сајкоски: Кичево ќе го добие сјајот каков што го заслужува

Printscreen

Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски се обрати на народениот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Кичево.

Денес се собравме тука за да можеме да направиме Кичево да биде подобро место за живеење. Денес ја бараме поддшката од секој од вас за да имаме градоначалник на општина Кичево, за нашиот кандидат Александар Јованоски да биде градоначалник на Кичево – рече Сајкоски.

Тој потенцира дека да зборуваш со почит и да бараш поддршка е многу шетка работа, меѓутоа познавајќи го докторот сакам да ви кажам дека денеска имаме најлесна задача бидејќи зборувам за хуманиста, човек кој е посветен на работата, бидејејќи сигурен сум дека Кичево ќе го направи подобро место за живеење.

Јас сум човек што ниту многу зборува, ниту многу ветува, но дека стојам до зборот и ви ветувам дека заедно со Александар, со премиерот и со сите вас што сте тука присутни Кичево ќе добие многу, Кичево ќе добие и инфраструктура и работни места. Кичево ќе го добие сјајот каков што го заслужува – потенцира во обраќањето Сајкоски.

Поврзани вести