Skip to main content

Снемало струја кај Лепенец па пукнала цевката во Влае

Прекин на електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец бил причина за дефектите на водоводниот систем, соопшти утрово ЈП „Водовод и канализација“.

„Како резултат на прекинот на струја предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде што се дополнува водоснабдителниот систем. Поради тоа се настанати два дефекта истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите. Поради овие дефекти, во неколку населени места од градот дојде до прекин на водоснабдувањето, но по брзата реакција на нашите екипи водоснабдувањето постепено се стабилизира со цел да се избегнат нови појави на дефекти и дополнителни оптоварувања на системот“, се наведува во соопштението.