
Филипче и СДС, по теркот на нивниот гуру Заев, се спремни за ново предавство за спас на кариерите, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Заев со Бугарија, освен фирмите и бизнисите, го спојува и црвената жица, онаа македонската која ја продаде за куферчиња полни пари, а сега Филипче сака истото да го направи. Се е исто и прочитано. Филипче за спас на неговата кариера и спас на неговиот гуру е спремен да го продаде и она малку достоинство и интегритет што ни го оставија, за да ги спаси бизнисите во Бугарија. Црвените линии на Филипче се подарок за Бугарија, односно бонбона бизнис од СДС за Бугарите. ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи. Наш интерес е македонскиот народ. Затоа, вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.