Skip to main content

Божинов: Алтернативно водоснабдување за Ново Село и Самоилово со нов довод за чиста вода за пиење и покривање на пазарот во Ново Село

Ѓорѓе Божинов кандидат за градоначалник за општина Ново Село од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати кон присутните и истакна дека општина Ново Село изминатите четири години ја карактеризираа низа успешно реализирани проекти, фокусирајќи се на целите за наредните четири години за општина Ново Село т.е. програмата која посочи дека е креирана во согласност со потребите на граѓаните, а во насока на решавање на нивните најгорливи проблеми.

Модернизација на инфраструктурата каде се предвидени асфалтирања на над 35 улици во целата општина од кои само 12 се во Ново Село. Меѓу најприоритетните проекти ќе биде обезбедувањето на алтернативно водоснабдување за Ново Село и Самоилово, со што ќе се обезбеди нов довод за чиста вода за пиење. Покривањето на пазарот во Ново Село со метална конструкција, изградбата на мегапаркот и зеленилото кај спортскиот комплекс „Христо Татарчев“. Ќе ги поддржиме иновациите, претприемништвото создавајќи подобри услови за инвестирање и водење бизнис“.

Божинов, во продолжение од своето обраќање се осврна и на проектите кои значат континуитет во инвестициите во образованието како реконструкција на повеќе училишта, изградба на спортска сала во Колешино, детски рекреативен центар во Старо Коњарево, јакнење на капацитетите во туризмот преку креирање на туристички водич за природните убавини на општина Ново Село. Во делот на социјалната и здравствената заштита посочи на предвидениот бесплатен логопедски третман за деца и бесплатниот оброк за ученици од социјално ранливите категории од прво до петто одделение, како и на изградбата на домот за стари лица.

Предвидени се реконструкции на повеќе училишта, изградба на спортска сала во Колешино. Изградба на детски рекреативен центар во Старо Коњарево со спортски терени и сместувачки капацитети на местото на старата караула. Изградба и опремување на иновативен тренинг центар за основните училишта во Ново Село и Колешино. Ќе креираме туристички водич за природните потенцијали на нашата општина,а предвидена е и изградба и на нова пешачка и рекреативна патека од Колешино до Мокринските Извори, со мојот тим сплотено и изречно сме против рудници и против било какви загадувачи на територијата на општина Ново Село. Воведуваме бесплатен логопедски третман за деца и бесплатен оброк за ученици од социјално ранливи категории од прво до петто одделение. Реализација на проектот „Нега во домот“ и лична асистенција на лица со попреченост. Поранешната касарна во Ново Село ќе биде дадена под концесија за изградба на дом за стари лица. Пристапни рампи ќе бидат поставени на сите државни институции и главни сообраќајници“, рече Божинов.

На крај, Божинов ги повика граѓаните на општина Ново Село на 19 октомври да го направат вистинскиот избор, да го заокружат бројот 9 за градоначалник и бројот 9 за листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ, за општина Ново Село да продолжи по патот на развојот и просперитетот.

Поврзани вести