
Филмот „Џафра“ (Јаffra) на легендарниот македонски режисер Кирил Ценевски, во продукција на НУФЦ Вардар филм – Скопје, беше прикажан на 20. издание на Pravo Ljudski Film Festival во Сараево – еден од најзначајните фестивали во регионот посветени на човечките права, на креативен, документарен и експериментален план, соопштија од „Вардар филм“.
Прикажувањето на „Џафра” на овој фестивал претставува висока потврда за трајната уметничка и општествена вредност на делото на К. Ценевски, кое со својата филозофска и визуелна длабочина останува современо и релевантно и по повеќе децении.
На фестивалот присуствуваа претставниците на Вардар филм – Скопје, Арсим Рамадании Ивона Петкова.
Изразуваме искрена благодарност до тимот на Pravo Ljudski Film Festival:
– Ведат Бездроб – директор на фестивалот,
– Кумјана Новакова – креативна директорка и ко-селекторка,
– Карла Црнчевиќ – ко-селекторка,
за нивната посветеност во зачувувањето и афирмирањето на филмските дела што го отвораат просторот на мислата, како што тоа го прави „Џафра“ – едно од најдлабоките авторски остварувања во македонската кинематографија.