
Жирито во состав: Кристина Леловац, актерка; Трифун Ситниковски, режисер; и Дина Дума, режисерка, одлучуваше за најдобар филм во официјалната и студентската селекција.
Жирито одлучи да ја додели наградата Данчo Чеврески на филмот On the Way на Самир Карахода. Веруваме дека прашањата за миграцијата се меѓу најгорливите теми на нашето време, а Самир им пристапува со извонредна суптилност и нежност.
Инспириран од разговор со неговиот син, филмот ја оцртува безизлезноста на професијата на таткото како филмски режисер, спротивставена на соништата на синот кој сака да стане фудбалер — соништа за кои знае дека не можат да се остварат во Косово. Преку оваа лична, но и универзална приказна, Самир Карахода ја осветлува дилемата на една генерација заробена меѓу љубовта кон татковината и итноста на нејзино напуштање во потрага по подобар живот.
Жирито одлучи да додели специјално признание од официјалната селекција за филмот „Остров“ на Бранко Костески. Филмот вешто си игра со карактеристиките на добро познатите романтични комедии, излегувајќи надвор од вообичаените норми за еден македонски филм. Во исто време обработува силна и актуелна порака за современиот свет на романтичните врски, општествениот притисок за создавање семејство и потребата од зачувување на индивидуализмот – секојдневни проблеми кои постојано се во меѓусебен судир. Оваа полуавтобиографска комична приказна не остава никого рамнодушен и претставува силен потсетник дека и на Балканот режисерите успешно можат да се движат во рамките на холивудските жанрови.
Селекцијата ни овозможи да видиме навистина разнолика студентска програма на овогодинешното Ѕирни. Но во исто време, го исправи Жирито пред навистина голем предизвик, доведувајќи во иста конкуренција и експериментални обиди на студенти од почетните години на филмските студии целосно ослободени од ригидните академски барања, и дипломски филмови од кои некои се веќе нагрда го наречат свој оригинален педагошки метод.
Публиката за најдобар филм го избра НЕМИ ФИЛМОВИ во режија на Крсте Господиновски.