
На големата сцена “Благој Стефановски – Баге“, синоќа во Народниот театар Битола започна 34. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“.
На првата фестивалска вечер по минатогодишната пауза се обрати пред љубителите на класичната музика уметничкиот директор на “Интерфест“, Милица Шперовиќ – Рибарски, која нагласи:
Имам особена чест да ги поздравам сите кои сте вечерва со нас, посебно неговото Преосвештанство, Митрополит Петар. Вечерва ќе имаме прилика да ја проследиме изведбата на едно од најмоќните дела на 20-от век – „Катули Кармина“ од Карл Орф, во интерпретација на НУ Камерен Оркестар на Битола. Годинава за прв пат направивме спој на КУД “Стив Наумов“ од Битола кој е еден од симболите на ослободувањето на Битола, хор кој облагодарува Битола, составен од луѓе кои со љубов пеат во хорот. Тие ќе бидат заедно со НУ Камерен оркестар Битола, а се надевам дека еден ден ќе премине во симфонија.
За делото „Катули Кармина“ Карл Орф, по светскиот успех на неговата легендарна Carmina Burana, во 1943 година ја создава „Катули Кармина“, вториот дел од триптихот Trionfi. Делото е инспирирано од стиховите на римскиот поет Гај Валериј Катул, чија поезија е полна со страст, љубов и еротска експресија. Музиката е набиена со ритам и драматичност, со впечатлива сила на зборот и звукот, носејќи порака која и денес ја фасцинира публиката.
Иако првично напишана за четирирачен клавир и голем ансамбл на ударни инструменти, оваа изведба ќе биде претставена во нова верзија адаптирана за камерен оркестар од маестро Владимир Димовски. Со тоа делото добива свежа звучна димензија, полна со нијанси и динамика, а истовремено останува верно на моќниот дух што го вгради Орф.
На првата вечер како солисти настапија: Билјана Талевска – сопран и Саша Арсенков – тенор од Србија. мешаниот хор на КУД “Стив Наумов“ диригираше Лилјана Трајковска – Димовски.“Интерфест“ во следните девет дена продолжува со гостувањето на уметниците кои преку своите изведби повторно ќе ги исполнат салите годинава, а ќе бидат наградени со голем аплауз.За утре е најавен рецитал Адмир Дочи на гитара од Албанија, кој ќе изведе дела од Сор, Хасе, Бауер, Вивиани, Албениз и Доменикони, а ќе се одржи во Офицерски дом во Битола.Утре во Офицерски дом во Битола во 20 часот ќе биде отворена и изложбата “Ранко Струмениковски – цртежи, графики и гважеви“.Инаку “Интерфест“ ќе се одржува до 11 октомври 2024 година, покрај во Народниот театар, ќе има настани во државното училиште во Битола, во Завод и Музеј и во Офицерски дом, а ќе има и ликовната изложба.Свеченото затворање ќе биде во Офицерски дом на 10 октомври со музички рецитал на пијано, на Џанлука Луизи од Италија, а ќе има Шопенова вечер, односно ќе бидат изведени дела на Шопен.