
Фудбалерот на Јувентус, Франсиско Консеисао, не е задоволен од нерешениот резултат (2:2) синоќа на гостувањето кај Виљареал во второто коло од Лигата на шампионите.
– Чувствуваме дека загубивме два бода бидејќи сакаме да победиме на секој натпревар од Лигата на шампионите, а тоа не го постигнавме денес. Виљареал е одличен тим кој има одлични резултати на домашен терен. Овој натпревар покажа дека треба да продолжиме да работиме напорно, изјави Консеисао на официјалната веб-страница на УЕФА.
Јувентус е 23. на табелата со два бода, Виљареал е 26-ти со еден бод.
Во 3. коло, Виљареал ќе игра против Манчестер сити (21 октомври), а Јувентус ќе се сретне со Реал Мадрид (22 октомври)