Skip to main content

Николоски: Целосно ќе се реконструира и прошири патот од Конче кон Радовиш

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешниот митинг во Конче најави голема победа во првиот круг за кандидатот на партијата Зоран Ристов, кој е актуелен градоначалник на Општината.

-Убеден сум дека ќе е така затоа што добро знам колку Ристов се вложи во изминатиов период, колку проекти реализираше и во едни тешки времиња кога нашата партија беше во опозиција и за жал немаше поддршка во централната власт, истакна Николоски.

Тој посочи дека промените и во оваа општина се виделе по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на централна власт кога биле реализирани бројни проекти.

-Само заедничка работа помеѓу општината и владата носат успех и затоа е важно да имаме градоначалник кој соработува со Владата, со цел да имаме максимална соработка. Секако и мнозинство во советот кое го поддржува градоначалникот. Во договор во јавното претпријатие Македонија пат и Јавното претпријатие за државни патишта целосно ќе го реконструираме и прошириме патот кој од овде води кон Радовиш, пат кој начесто го користите, кој е крвоток на овој регион. Помеѓу март и април месец ќе почнеме со работа, потенцираше Николоски.

Нагласи дека поддршката во земјоделието останува.

Поврзани вести