Skip to main content

Јубилејниот спектакл на LORD OF THE DANCE ексклузивно во Скопје

„Господарот на танцот“, глобалната сензација којa го редефинираше ирскиот танц, се враќа во Македонија на 7 април 2026 година со ново ексклузивно шоу за прослава на својата 30-годишнина! Во рамки на фестивалот ТАКСИРАТ и во организација на „Пасворд Продакшн“, Скопје ќе биде домаќин на овој значаен настан кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ – грандиозна прослава на културниот феномен кој плени над 60 милиони обожаватели и поставува нови стандарди во креативноста и сценската продукција.

Блескавата претстава на неверојатните танчери за 30-годишнината од создавањето на оригиналниот перформанс на наградуваниот визионер, креатор и режисер Мајкл Флетли ќе воодушеви со нова претстава, костими и кореографија. Јубилејната програма „30 years of standing ovations“ носи и нова современа сценографија, светлосни и специјални ефекти — но и препознатливото пулсирачко темпо по кое шоуто стана легендарно. Композитор на музиката е Џерард Фахи, а јубилејните изведби стартуваат во родниот град, во Даблин на 5 февруари следната година и продолжуваат во селектирани арени низ Европа.

„Господарот на танцот“ е магична адуиовизуелна и музичко-театарска авантура која ја пренесува публиката во митски времиња и места, го воздигнува духот и ги плени срцата на сите. Од моментот кога светлата ќе се изгаснат до последниот бис, посетителите се восхитени од магијата на мајсторски оркестрираните танцови сцени со совршена прецизност, фасцинантни костими и специјални сценски ефекти кои поставуваат нови стандарди во креативноста и сценската продукција.

Создадена врз основа на ирскиот фолклор, оваа класична приказна за борбата помеѓу Доброто и Злото, претставена преку импресивниот танц, ја воодушеви публиката во 60 земји ширум светот и заслужено ѝ донесе на претставата невидено признание.

По светската премиера во 1996 година, „Господарот на танцот“ стана најпродаваната претстава во историјата на шоу-бизнисот во светот. Тајната на неговиот феноменален успех лежи во фактот дека преку танцот неговите пораки допираат до сите, надминувајќи ги возраста, половите, етничката припадност, религијата и културните бариери. Овој универзален јазик го претвори спектакуларното шоу во едно од современите светски чуда, во вистинска жива легенда.

На 7 април 2026 година, ирското музичко-танцово мајсторство што веќе 30 години го воодушевува светот пристигнува во Скопје, LORD OF THE DANCE во арена „Борис Трајковски“.

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetmarsbahisjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet giriş