
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Нико Чонески на вчерашната дебата со своите противкандидати ја презентираше својата визија за идниот развој на Крушево. Во своето обраќање тој нагласи дека градот има огромен потенцијал кој треба да се искористи преку конкретни проекти и стратегии насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, развој на туризмот и создавање нови можности за младите.
Мојата визија е мојот животен сон. Мојот животен сон Крушево да биде место каде што ќе биде привилегија да се живее, налик на монденските гратчиња по Алпите кои секој сака да ги посети а никој не сака да си замине од нив.
Ние сакаме да менаџираме и да управуваме со општината а не да владееме како до сега со непопуларни методи од типот на закани, притисоци и уцени.
Тоа апсолутно ќе се смени и ветувам дека јас ќе се погрижам и никогаш да не се повтори, истакна Чонески.