
Вицепремиерот и министерот за транспорт, Александар Николоски беше во општина Кисела Вода, каде со кандидатот за градоначалник за Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски одржаа прес-конференција
Николоски истакна дека Ѓорѓиевски во изминатите четири година има реализирано огромни работи во Кисела Вода.
Се сеќавам дека кампањата кога беше избран Орце Горѓиевски ја почнавме токму од овој плоштад и навистина после четири години општината е целосно променета. Од една општина која заостануваше со развој, сега можеби е најмодерна и најурбана општина во цело Скопје, што само говори што Орце направи во изминатите четири години. Убеден сум дека истото ќе се случи на територијата на Скопје, а истото мислам дека и новата градоначалничка ќе продолжи со уште позасилено темпо. Во однос на улица „Есенинова“, мислам дека е добро да ги потсетиме сите дека оваа улица се пробиваше и оваа улица значи поврзување помеѓу општините Кисела Вода и Аеродром, две општини кои граничат а кои немаа никакво поврзување, што многу говори за тоа колку лошо се планирало иако само на другата страна веќе е Општината Аеродром. Сега планираме продолжување на оваа улица, која треба да оди до „Шампионче“ и тука ќе најавам тоа ќе е едно од првите поддршки кои Владата преку Министерството за транспорт ќе ги даде на Градот Скопје, затоа што ова ќе биде градски проект – рече Николоски.