Skip to main content

Стаменкоска Трајкоска: Ветуваме многу реални проекти кои се од корист за граѓаните

Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, синоќа гостуваше во дебатната емисија 24 анализа, на телевизија 24 пришто истата ги изнесе причините и мотивацијата за нејзината кандидатура за прв човек на општина Кисела Вода и чиј слоган е „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.

-Мотивот е желбата за продолжување на развојот на општина Кисела Вода и континуитет на она што изминатите 4 години со макотрпна работа се успеа да се постигне во Кисела Вода. Целта е таа да продолжиме да градиме една општина која ќе биде, која ќе ги спојува сите генерации и ќе создава услови за сите генерации и услови за квалитетно живеење, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Во текот на дебатата кандидатката за градоначалник за општина Кисела Вода од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, Стаменкоска Трајкоска ги посочи и главните проблеми на граѓаните во општината како комуналната хигиена, јавниот сообраќаен превоз, изградбата на Булеварот Борис Трајковски како и проблемите со кучињата скитници и притоа напомена дека:

-Тоа се проблеми кои навистина имаат интересна нишка, а тоа значи надлежности, надлежности кои за жал во Град Скопје поврзано со општината Кисела Вода не се менаџираат како што треба. Но со едно добро менаџирање на институциите поврзано на релација Градот Скопје, општина Кисела Вода овие проблеми за многу брзо време можат да бидат надминати, дополни таа.

Стаменкоска Трајкоска ги сподели и решенијата кои таа и ВМРО-ДПМНЕ ги предлагаат во програмата за градоначалничката кандидатура за општина Кисела Вода и кажа дека ветува многубројни, но реални проекти за надминување на проблемите во општината.

-Она што сакам и ќе се стремам да го направам, е системско организирање на јавната чистота. Да се надминат проблемите околку квалитетот на живеење на граѓаните и она што ќе продолжиме да го правиме како континуитет во соработка со останатите, а што е наша надлежност е започнување на многу проекти што ќе значат бенефит за граѓаните, а тоа е ќе спомнам за канализацијата Бабин Дол која е од многу големо значење за граѓаните на Припор. Понатаму, реконструкција на објектите на месните заедници во Драчево и Пинтија. Доградба на спортска сала во основното училиште „Кузман Шапкарев“, доградба на основното училиште „Невена Илиевска- Дуња“ и многу такви проекти кои ќе значат подобро образование и подобри услови за учениците и нас, кадар во училиштата, рече Стаменкоска Трајкоска и додаде:

„Понатаму, ќе се продолжи со изградба на атмосферски канализации, изградба на целата подземна и надземна инфраструктура, зошто почитувани изминатите години во еден период кога СДС беше на власт навистина ништо не се работеше кога станува збор за општина Кисела Вода. Сега имаме дел реконструирани улици, но процесот не треба да запира напротив процесот треба да продолжува. Затоа секогаш го велам тоа дека во Кисела Вода треба да имаме континуитет, треба да имаме продолжување на работите кои се правеа изминатиот период, зошто граѓаните тоа го заслужуваат и посакуваат секако“.

Поврзани вести