Skip to main content

Министерот Алиу и Андоновска го посетија пунктот за превенција на кардиоваскуларни заболувања

По повод одбележување 29 септември–Светски ден на срцето, министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со директорката на Институт за јавно здравје, Марија Андоновска денеска го посетиле превентивниот пункт во ТЦ „Дајмонд мол“.

Али нагласил дека со ваквите акции заеднички ја подигнуваме свесноста за навремено откривање и превенција од кардио-васкуларни заболувања.

-Граѓаните покажаа голем интерес за бесплатно мерење крвен притисок, холестерол и ниво на шеќер во крвта на превентивниот пункт. Здравствените услуги на пунктот ги врши тим од Институтот за јавно здравје. Со ваквите акции заеднички ја подигнуваме свесноста за навремено откривање и превенција од кардио-васкуларни заболувања. Дополнително, присутните добија индивидуални совети и препораки за здрава и урамнотежена исхрана, редовна физичка активност, како и поддршка и мотивација за откажување од пушење – три клучни фактори во заштитата на здравјето на срцето, посочил Алиу.

Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска ја истакнала важноста на примарната превенција и активниот пристап кон сопственото здравје.

-Светскиот ден на срцето е можност да се потсетиме дека здравото срце значи и квалитетен живот. Институтот за јавно здравје ќе продолжи со активности насочени кон унапредување на здравјето на населението и поддршка на здрави животни навики, потенцираше Андоновска.

Поврзани вести