
Сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод кај с.Мажучиште од 16:40 часот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, односно по едната коловозна лента, информира АМСМ.
Поради сообраќајна незгода сообраќајот на овој патен правец беше во прекин од 14:35 часот и возилата се пренасочуваа преку алтернативен земјен пат.