
На 24.09.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“, пред крстосница со ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(35) од Скопје, удрило во пешакот З.Т.(59) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.